ВИДЕО I Убав гест: Трофејот на Рома пристигна во домот на најстариот навивач со сезонски билет

Принтскрин/Твитер/AS Roma

Екипата на Рома по 14-годишен пост пред два месеци конечно успеа да освои трофеј и да ги израдува верните навивачи.

„Римската волчица“ на 25 мај во Тирана го совладаа Феенорд со 1:0 во финалето на Конференциската лига, а управата на римскиот тим одлучи да ги награди најверните навивачи.


Имено, челниците на Рома одлучија трофејот од Лигата на конференции да го однесат во домовите на верните навивачи, а последна станица беше домот на најстариот сопственик на сезонски билет, 96-годишниот Џорџо.

Генералниот директор на „волчицата“ Тиаго Пинто го донесе трофејот до домот на Џорџо кој не можеше да ги запре емоциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот