ВИДЕО I Насилен бунт во затвор во Сент Луис, повреден е еден чувар

Повеќе од 100 затвореници ја презедоа контролата над дел од затворот во центарот на Сент Луис, Мисури, при што беше повреден еден чувар, соопшти Ен Би Си њуз, повикувајќи се на локалните власти.

Во инцидентот во блок на четвртиот кат, еден затвореник влегол во расправија со чуварот, изјави директорот за јавна безбедност Џими Едвардс на прес-конференција. После тоа, другите затвореници во одделението го нападнале полицаецот.

За време на нередите, неколкумина притворени успеале да ги отворат бравите од своите ќелии и да влезат во конфликтот.

Додека вработените во затворот се обидувале да го однесат нападнатиот службеник на сигурно, затворениците обезбедиле пристап до системот за заклучување и ги ослободија другите затвореници од своите ќелии. Во инцидентот учествуваа 117 затвореници.

За време на немирите, затворениците фрлале предмети низ скршени прозорци и започнале мали пожари во затворот. Столици и други предмети беа расфрлани на улица и барем еден автомобил има скршена шофершајбната, објавија американските медиуми. Неколку од затворениците биле забележани како држат знаци и скандираат.

– Ниту еден од нив не беше во можност да добие пристап до другите катови, изјави Едвардс пред новинарите. Во еден момент, ситуацијата беше ставена под контрола откако канцеларијата на шерифот дојде на помош.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот