ВИДЕО | И Игор Џамбазов се прости од големиот Марадона: Му ја испеа неговата „La Vida Tombola“

игор џамбазов
Игор Џамбазов / Фото: Instagram

Светот вчера го испрати еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер на сите времиња, Диего Армандо Марадона.

Веста за неговата смрт експресно се рашири насекаде низ светот, а од него се простија многу познати фудбалери, музичари, актери, фудбалски фанови…

Од Марадона се прости и нашиот познат актер Игор Џамбазов, со своја изведба на познатата песна на Ману Чао – „La Vida Tombola“.

Игор го сподели видеото на својот Инстаграм профил и напиша „Збогум Диего Армандо…“

Џамбазов ги воодушеви сите со својата изведба. „Браво голем уметнику“, „Топ песната стана уште подобра од твојот глас“, „Браво маестро“ – беа дел од коментарите.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот