ВИДЕО: Хрватска и Холандија први учесници на Фајнал-фор турнирот во Лигата на нации

„Лалињата“ триумфираа над Белгија во „Јохан Кројф арената/Амстердам, Холандија/25 септември 2022/фото: EPA-EFE/Koen van Weel

Се одиграа натпреварите од последното коло од групите „1“ и „4“ во А дивизијата во рамките на Лигата на нации, а сега знаеме две репрезентации кои ќе одат на Фајнал-фор турнирот, како и две кои испаѓаат во Б дивизијата.

Хрватска оствари победа од 1:3 на гостувањето во Австрија, со што избори пласман во завршницата од натпреварувањето, но и ја турна Австрија во понизок ранг.

Започна одлично за Хрватите кои веќе имаа водство од 0:1 во шестата минута, а голот го постигна Модриќ на асистенција на Влашиќ. Но, само три минути подоцна Баумгартнер успеа да го израмни резултатот.

Второто полувреме носи многу подобра игра од Хрватска, а тоа особено се виде во 69 минута кога Ливаја погоди по одличната асистенција на Перишиќ и гостите повторно имаа водство. Само три минути подоцна беше 1:3, а конечниот резултат го постави Ловрен.

Франција во групата „1“ стравуваше од евентуална победа на Австрија што ќе им донесеше на актуелните светски шампиони преселба во понизок ранг. А што се однесува до мечот на „триколорите“ тие повторно ги разочараа своите навивачи со поразот кај Данска која славеше со головите на Долберг и Сков Олсен во првото полувреме.

Холанѓаните ќе им се придружат на „коцкестите“ на Ф4 турнирот кој ќе се одржи следната година во периодот од 14 до 18 јуни. „Лалињата“ го освоија првото место во групата „4“, триумфираа и над Белгија во Амстердам со погодокот на Ван Дајк во 73 минута на „Јохан Кројф“ арената.

Велс ќе игра во Б дивизијата, на домашен терен во Кардиф беше совладан од Полска, а стрелец на единствениот гол беше Свидерски во 58 минута по асистенцијата на Левандовски.

За останатите две места на Фајнал-фор турнирот се борат четири репрезентации: Унгарија, Италија, Португалија и Шпанија. Нов учесник во Лигата „Б“ е Казахстан, а во следното издание во Лигата „Ц“, покрај Естонија, ќе игра и Летонија.

Лига на нации, резултати –

Лига „А“
Австрија – Хрватска 1:3
Данска – Франција 2:0
Холандија – Белгија 1:0
Велс – Полска 0:1

Лига „Ц“
Азербејџан – Казахстан 3:0
Словачка – Белорусија 1:1
Фарски Острови – Турција 2:1
Луксембург – Литванија 1:0

Лига „Д“
Андора – Летонија 1:1
Молдавија – Лихтенштајн 2:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот