Заканувачката порака покрај петте обесени глави на плажа во Еквадор/Фото: Икс

ВИДЕО | Хорор во Еквадор: Пет човечки глави обесени на туристичка плажа со заканувачка порака

Еквадорската полиција вчера соопшти дека поведе истрага по откривањето на пет човечки глави оставени да висат на видно место, заедно со заканувачка порака, на туристичка плажа во југозападниот дел од земјата, која во последните денови е погодена од бран насилство, пренесува Фокс њуз.

Морбидното откритие е направено во Пуерто Лопез, во покраината Манави, популарна дестинација за набљудување китови, каде што девет лица, вклучувајќи едно бебе, веќе беа убиени кон крајот на декември во серија инциденти што властите ги припишуваат на конфликти меѓу бандите.

Вчера, на социјалните мрежи се појавија слики од петте глави како висат на јажиња од два дрвени столба на плажата, свртени кон морето. До нив, на дрвена табла имаше знак со кој им се закануваа на членовите на бандата кои ги уценуваат трговците и жителите да им изнудат плаќања за наводна заштита.

Еквадор, помеѓу двете земји со најголем извоз на кокаин во светот, Колумбија и Перу, доживува застрашувачка ескалација на насилството поради конфликти меѓу бандите поврзани со мексиканските и колумбиските картели.

И покрај војната што ја објави еквадорскиот претседател Даниел Нобоа против бандите, во првите шест месеци од 2025 година, во земјата со нешто повеќе од 18 милиони жители се извршени повеќе од 4.600 убиства, бројка што е зголемена за 47% во споредба со истиот период во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот