Фото: EPA-EFE/Filip Singer

ВИДЕО | Хорхе Мартин најбрз на спринт трката во Германија

Мотоциклистот на „Прамак Дукати“, Хорхе Мартин беше победник на денешната спринт трка во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Германија.

Мартин славеше со време од 20 минути и 21.871 секунди. На втората позиција заврши актуелниот светски шампион Франческо Бањаја додека трет беше Џек Милер од КТМ тим.

Бањаја е водечки во генералниот пласман со 140 бодови, додека Мартин е на втората позиција со 119, на третата позиција е Марко Бецеки со 113 бодови.

Трката за Големата Награда на Германија на програмата е утре од 14:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот