ВИДЕО: Холандски фудбалер се бори за живот откако се судри со противнички голман

принтскрин/јутјуб

Холандскиот фудбалер Дони ван Иперен (27) заработи тешка повреда при судир со противничкиот голман и се бори за живот.

Ван Иперен настапува за молдавската екипа Зимбру и на натпреварот против Динамо-Аута во второто коло од тамошното првенство, заработи тешка повреда.

Ван Иперен во 11 минута од натпреварот тргна по нафрлената топка во шеснаесетникот на противничкиот тим и во тие моменти дојде до судир со голманот на Динамо кој со рамо го удри Холанѓанецот во главата.


Лекарските екипи веднаш влегоа на теренот и Ван Иперен беше пренесен во болница во Тираспол. Тој е сместен на одделението за интензивна нега и е приклучен на респиратор.

Ван Иперен од оваа година настапува за Зимбру, а претходно две години играше за Караискакис, додека во родната Холандија настапуваше за вторите екипи на АЗ Алкмар и Камбур, а потоа и за Телстар и Го Ахед Иглс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот