ВИДЕО | Хитот на Дрејк и Д Викенд тргнат од интернет, бил направен од вештачка интелигенција

Д Викнд/Дрејк/ Фото: Flickr/EPA-EFE/NINA PROMMER

Музичкиот хит „Heart on My Sleeve“ кој деновиве го зазема интернетот, а на кој има (лажни) вокали на пејачите Дрејк и Д Викнд, всушност, е песна создадена од вештачка интелигенција, а зад чија продукција стои уметникот Ghostwriter.

Песната со вокали генерирани од вештачка интелигенција за кои се тврди дека се на Дрејк и Д Викнд е повлечена од услугите за стриминг од страна на музичката корпорација „Јуниверзал мјузик груп“ (Universal Music Group (UMG)), откако стана вирална во текот на викендот. Компанијата ја осуди песната, наречена „Heart on My Sleeve“, за „прекршување на содржината создадена со користење вештачка интелигенција“, пренесува „Гардијан“.

 


Песната првично беше објавена на социјалната мрежа Тик-ток од корисник наречен Ghostwriter977 и споделена на стриминг услугите под името на изведувачот Ghostwriter. До моментот кога беше отстранета на 17 април, имаше 600.000 преноси на Спотифај, 15 милиони прегледи на Тик-ток и 275.000 прегледи на Јутјуб.

Дрејк и Д Викенд засега не се огласиле околу новиотот контроверзен музички проект.

Во последниве месеци, големите американски музички издавачки куќи веќе во неколку наврати побараа отстранување на песните што содржат вокали генерирани од вештачка интелигенција од познати уметници, меѓутоа, станува збор за сè уште правно неистражена област која сè уште чека регулација.

А дали наскоро со забрзаниот напредок на алатките за аудио вештачка интелигенција, ќе видиме вистинска поплава од нови песни кои ќе содржат вокални делови од познати живи и починати уметници – одговорот е речиси сигурно потврден.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот