ВИДЕО | Хет-трик на Бензема за седум минути и „шестка“ на Реал Мадрид против Ваљадолид

Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Oткако Барселона вчера славеше убедливо против Елче на ист начин одговори и Реал Мадрид денес кој со 6:0 го декласираше Ваљадолид. Сепак, каталонците и понатаму имаат сигурна предност од 12 бода на врвот на табелата.

Натпреварот го отвори Бразилецот Родриго, а потоа блесна францускиот голгетер Карим Бензема кој постигна хет-трик за седум минути.

Французинот прво со глава ја затресе мрежата, а потоа шутираше неодбранливо од работ на шестнаестникот, третиот гол беше посебно атрактивнен со еден акробатски потег. На паузата „кралевите“ имаа предност од 4:0.

Во второто полувреме Асенсио и Лукас Васкез ги поставија конечните 6:0.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот