Поплави во Њујорк/Фото: Lokman Vural Elibol / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Хаос во Њујорк по обилните дождови, две жртви во поплавите

Силните дождови што го зафатија Њујорк во четвртокот убија две лица во градот, изјави градоначалникот Ерик Адамс, додека бурите ги попречија летовите, а метеоролошката служба предупреди за поплави во некои области, објави Ен-би-си.

Медиумите објавија поплави и штети, додека официјални лица на аеродромите ЏФК, Ла Гвардија и Њуарк изјавија дека има проблеми со закажаните летови.

„Оваа бура ги сруши рекордите за врнежи од дожд за 30 октомври“, напиша Адамс во Икс, додавајќи дека голем дел од дождот што се предвидуваше да падне во рок од неколку часа паднал во рок од 10 минути попладне.

Метеоролошките власти објавија рекордни 4,7 сантиметри дожд во Централ Парк, додека на аеродромот Ла Гвардија наврнаа 5,31 сантиметар и 5,05 сантиметри на меѓународниот аеродром Њуарк Либерти во Њу Џерси.

Националната метеоролошка служба, исто така, издаде предупредувања за крајбрежни поплави за делови од Бронкс, Бруклин и Квинс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот