ВИДЕО | Хаос во Црна Гора: Навивачи со палки влетаа на теренот и го прекинаа натпреварот
Вознемирувачки сцени се случија денеска во Црна Гора, за време на натпреварот од втората лига меѓу Интернационал и Беране, кога група навивачи со стапови влегоа на теренот и го прекинаа натпреварот.
Препорачано
Натпреварот се играше во Никшиќ, на стадионот на Челик, а хаосот настана по судир меѓу навивачите на Беране и поддржувачите на Сутјеска, познати како „Војводи“. Според црногорските медиуми, сè започнало со навредливи пораки и провокации на социјалните мрежи, по што дел од навивачите на Сутјеска решиле да дојдат на стадионот и да се пресметаат со противничката група.
Инцидентот избувнал пред почетокот на второто полувреме, „Војводите“ влегле на теренот и се упатиле кон трибината со навивачи на Беране. Во следните минути теренот се претворил во бојно поле, со фрлање на ракети и тепачки меѓу двете страни. Полицијата морала итно да интервенира, а натпреварот бил прекинат околу половина час додека состојбата не се смири.
View this post on Instagram
Неофицијално, најголемиот дел од навивачите на Беране во тој момент не биле на трибините, па во инцидентот учествувале само десетина нивни поддржувачи.
По инцидентот, натпреварот бил продолжен и завршил без голови (0-0), додека полицијата сè уште трага по лицата кои ги предизвикаа нередите.
Преземено од: Спорт.ком.мк


