ВИДЕО: Хаос на улиците во Хаг, пет полицајци повредени, повеќе лица уапсени

Холандска полиција
Холандска полиција/ Фото EPA-EFE/ROB ENGELAAR

Нoви судири избија доцна синоќа во неколку холандски градови во знак на протести против построгите владини мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Петмина полицајци се повредени, а седум лица се уапсени,  пренесува Вашингтон Пост.

Полицијата употребила водени топови

Судири меѓу интервентната полиција и демонстрантите избија во Хаг, каде полицијата употреби водени топови за да ја растера толпата.

Помали судири имало во градот Урку и во градовите во провинцијата Лимбург, каде гневните навивачи прекинаа два фудбалски натпревари кои се одиграа без публика поради ковид протоколите.

ФОТО+ВИДЕО | Седуммина повредени во Ротердам откако полицијата пукала при немири поради ограничувања за коронавирус

Помалку насилство од претходната ноќ

Насилството, сепак, беше значително помало од претходната вечер кога, во „оргија на насилство“, како што ја нарече градоначалникот на Ротердам, три лица беа ранети од огнено оружје, а 51 лице беа уапсени.

Холандија минатата недела стана првата западноевропска земја што воведе делумно „заклучување“ оваа есен поради зголемување на заразените со коронавирус.

Мерките ќе важат најмалку три недели, а се планираат и нови, како ограничување на влезот на невакцинирани лица на некои локации.

Откажан протестот во Амстердам по насилствата во Ротердам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот