Фото: Твитер

ВИДЕО: Хаос на аеродром во Русија, толпа народ бараат еврејски патници да ги линчуваат, „јас сум Узбекистанец“, се правдаше еден патник

Толпа народ упадна на аеродромот во Дагестан, Русија за да бара еврејски патници да ги линчуваат откако дознаа дека авион од Тел Авив ќе слета, стои над една видео објава. На снимката се гледа како разбеснетата толпа ги бара еврејските патници.

На аеродромот се создадоа големи гужви и хаос, а дел од присутните го вееја и знамето на Палестина.

Еврејските патници се бараа внатре и надвор во самиот аеродром.

Малку подоцна толпата народ наидоа на првиот „осомничен еврејски патник“, но тој се правдаше дека е од Узбекистан. Народот не му веруваше, па побара да му се проверат документите и пасошот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот