ВИДЕО | Хаџиевска: Дигитализацијата на учебниците и историските материјали ќе ги реши проблемите за тоа како се претставени жените

Изучувањето и приближувањето на наративи од историјата на жените во училиште може да биде многу возбудлив процес за учениците и ученичките, бидејќи секогаш носи критика на воспоставените образци и најчесто води кон рушење на родовите стереотипи и предрасуди смета Ивана Хаџиевска, историчарка и истражувачка на историјата на жените.

„Освен што ја содржат експертизата соодветно на образовните цели, како основно образовно помагало, учебниците секогаш носат и многу симболички капитал, така што се создава еден голем дискурс кога имаме политики поврзани со учебниците. Секогаш се појавува тензија помеѓу два идеолошки принципи од страна на владеачките елити кои ги спроведуваат политиките а тоа е од една страна оној принцип според кој учебниците секогаш треба да создаваат и да охрабруваат некаква идентификација со националниот или со етничкиот идентитет и тоа влече корени уште од времето на создавањето на модерните држави и другиот принцип кој неминовно воспоставува потреба од критички пристап и критичко учење низ целиот образовен процес.  Тоа се одразува и кај нас, гледаме дека овие два принципи создаваат таква една тензија што се појавува политичка пизма.

-Сметам дека одлуката за дигитализација е добра бидејќи ќе овозможи на еден посеопфатен начин да се решат оние проблеми што се однесуваат на претставувањето на жените во учебниците, како што беше со примерите на учебници кои беа доста спорни токму заради начинот на кој е претставена жената и некои проблематични дефиниции за тоа што е моќ и како се распределува во различните фактори од општеството. Кога зборуваме за дигитализацијата, и многу архивски, библиотечни и други материјали ќе се отворат и ќе овозможат еманципирање на науката, особено младите истражувачи ќе имаат непречен пристап и ќе се отвори простор за повеќе истражувања кои сега се на маргините. А конечно ќе биде елиминиран и оној мрзелив аргумент дека не можеме да зборуваме за историјата на жените бидејќи немаме доволно извори, бидејќи јавноста ќе биде изненадена што се’ има во нашите архиви и библиотеки“, вели за Утрински брифинг Хаџиевска. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот