ВИДЕО | Гуштери долги 2 метри окупирале маркет: Купувачите не смееле да пријдат додека влекачите грабале храна од полиците!

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Во супермаркетите може да се видат секакви сцени, но не се секојдневни гуштерите од речиси 2 метри кои започнаа да се качуваат по полиците во продавницата во тајланскиот Након Патом.

Тие се качувале по полиците барајќи храна, а клиентите воопшто не биле воодушевени, по што врескале и бегале од страв и неверување.

Нарумпа Тангсин, кој ја снимил неверојатната сцена, вели дека не смеел да им приоѓа на влекачите затоа што тие можат да бидат опасни доколку се налутат.

„Застанав на кратко за да купам нешто да јадам кога видов огромен гуштер варан, сакав да земам нешто за пиење, но влекачот стоеше премногу близу. Тие се опасни, особено ако се лути, па затоа останав позади. Изгледа дека маркетите имаат сè, дури и за гуштери“, изјави тој.

Персоналот и клиентите се криеле зад касата, додека животните туркале предмети од полиците.

Продавачот повикал полиција, која пристигнала со експерти кои ги фатиле влекачите.

Се верува дека тие влегле во маркетот во потрага по храна бидејќи во Тајланд веќе неколку месеци владее суво време со исклучително многу малку дожд, пренесува Мирор.

Азиските варани живеат во канали и мочуришта во близина на поголемите градови во Тајланд каде се хранат со риби, жаби, змии, но и со остатоци од храна оставена од луѓето.

Доколку се чувствуваат загрозено, можат да бидат многу агресивни, а нивниот загриз може да содржи бактерии погубни за човекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот