ВИДЕО | Грчкиот министер за одбрана го впери прстот кон „странска држава“ – што носел мистериозниот дрон кај Лефкада?
Грција вчера обвини „странска држава“ за поморскиот дрон кој неделава беше пронајден кај јонскиот остров Лефкада, објави „Дојче веле“.
Препорачано
– Видовте дрон што припаѓа на странска земја, кој беше извлечен надвор од грчките територијални води пред неколку дена… знаеме за што се работи и горе-долу знаеме што содржи – изјави министерот за одбрана Никос Дендиас на конференција на владејачката партија Нова демократија во Солун.
Воените експерти го онеспособија дронот за безбеден транспорт до Атина. Извештаите во грчките медиуми велат дека дронот носел експлозив и дека неговиот мотор сè уште работел кога бил откриен. Извештаите, исто така, сугерираат дека пловилото би можело да биде од украинско производство или поврзано со тековната војна меѓу Русија и Украина.
Иако без ознаки, грчките медиуми сугерираат дека пловилото наликува на украинскиот модел „МАГУРА В5“. Се претпоставува дека дронот бил наменет за напади врз руската „флота во сенка“ која ги заобиколува западните санкции.
Пловилото беше пронајдено од рибар во крајбрежна пештера во четвртокот, а подоцна беше пренесено во поморска база на копното за инспекција.
Овој инцидент во Јонското Море ја потсетува јавноста на сè почестите напади со беспилотни летала во Средоземјето, слично на неодамнешните оштетувања на руски танкери, со што украинската технологија радикално го менува поморското војување.
ВИДЕО | Тревога во Грција: Украински поморски дрон пронајден во пештера кај Лефкада


