ВИДЕО: Граѓаните на Нови Сад плачат по улиците поради смртта на Балашевиќ

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Луѓето низ целиот регион жалат за смртта на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, а неговото заминување особено ги погоди граѓаните на Нови Сад, градот во кој е роден Балашевиќ.

Според Нова.рс, по објавувањето на веста за смртта на Балашевиќ, луѓето плачеле со неверување по улиците на градот.

Најубавите цитати на Ѓорѓе Балашевиќ: „Луѓето се како школки – мора да отворите илјадници од нив за да пронајдете бисер“

„Значи, вистина е! Се надевав дека се лажни вести и излегов да проверам со колегите. Како некој близок да ми починал, не знам како да опишам …“, вознемирена и расплакана работничка од бутик изјавила за Нова.рс.

Истите медиуми пренесуваат дека повеќето кафулиња во градот спонтано започнале да ги пуштаат песните на Балашевиќ.

Македонските јавни личности се збогуваат со Ѓорѓе Балашевиќ: „Мирно спиј, голем поету!“

„Не можам да кажам дека го слушав, но човеку, некако ме стегна… Впрочем, тоа е Џоле“, изјавил еден келнер од градските кафулиња.

ВИДЕО: Балашевиќ од своите нумери дефинитивно направи уметност и влезе во вечноста

Граѓаните на Нови Сад спонтано почнале да се собираат упатувајќи се кон центарот на градот и кон Салајци, каде што е куќата на Балашевиќ, со цел да запалат свеќи и да му оддадат почит на својот сограѓанин, човек кој беше симбол на Нови Сад, пренесува Нова.рс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana I. ❤???? (@senorita_ivi.11)

На социјалните мрежи бројни граѓани објауваат видеа на своите профили како едногласно ги пеат хитовите на Балашевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот