ВИДЕО: Балашевиќ од своите нумери дефинитивно направи уметност и влезе во вечноста

скриншот/Youtube
Фото: YouTube-принтскрин

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денес, на 67-годишна возраст. За време на неговиот живот, тој имаше богата музичка кариера, а неколку генерации пораснаа со неговите хитови.

Големиот број негови обожаватели се согласуваат дека успехот на песните на Ѓорѓе Балашевиќ се крие во искрените текстови преполни со емоции, со кои многумина можеа да се поистоветат.

Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад, во семејството на таткото Јован Балашевиќ и Вероника Доленец.

Почнал да пишува песни уште во основно училиште, а сонувал да стане фудбалер. Ја напуштил гимназијата во трети клас бидејќи не сакал математика, физика и хемија, но успеал да матурира како вонреден ученик и го положил приемниот испит за студиите по географија.

Во 1977 година се придружил на групата „Жетва“, потоа бил и член на групата „Рани мраз“, а во 1982 година ја започнал својата многу успешна соло кариера.

Беше оженет со сопругата Оливера, со која ги имаат ќерките Јована и Јелена и синот Алекс.

Во чест на Ѓорѓе Балашевиќ да се потсетиме на некои од неговите вонвременски песни.

Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот