ВИДЕО | Готвиме со Маја: Пржено печено пиле, пире од грашок, глазирани моркови и трослоен колач без печење

готвиме со маја
Фото: Промо

Нашата позната готвачка Маја повторно ни го освежува дневното мени со идеи за рецепти кои ќе ни го исполнат оброкот – од главно јадење, преку прилози, до десерт.

Погледнете ја Маја како ни приготвува пржено печено пиле, го придружува со пире од грашок и глазирани моркови, а оброкот ни го заокружува со трослоен колач без печење.

Пржено печено пиле

1 свежо пиле Перутнина Птуј
Сол и бибер
Исечете ја кокошката по должина за да се отвори.
Зачинете по вкус со сол и бибер
Ставете ја во длабока тава на загреано масло и пржете ја од двете страни по 15 минути, за да фати кора.

Сос за печење
3 лажици путер
1 лажичка Вегета Маестро лук
1 лажичка сув кромид
1 лажичка Вегета Маестро оригано
1/2 лажичка ким
2 каранфилче
1 лажичка Фант за пилешко
Во здела со растопен путер додадете ги сите зачини и убаво промешајте.
Кокошката ставете ја во кеса за печење и прелијте ја со зачинетиот путер
Кесата ставете ја во тава и печете во загреана рерна на 220 степени околу 50 минути.

готвиме со маја
Фото: Промо

Пире од грашок

1 конзерва Подравка грашок
1 лажица путер
1 лажица Вегета Натур
Бибер
-Грашокот изблендирајте го во блендер за да добиете пире смеса.
-Додадете стопен путер и зачинете

Глазирани моркови

7-8 моркови
1 лажица мед
1/2 лажичка Вегета Натур
1/2 лажичка Вегета Маестро лук
1 лажица сок од лимон
1 лажица путер
Вегета Маестро рузмарин

  • Морковите излупете ги и цели ставете ги во длабоко масло да се испржат.
  • Кога ќе фатат кора извадете ги од маслото.
  • Во друга тава растопете путер и ставете го медот и сите зачини, промешајте да се соединат зачините со медот и со топлата смеса прелијте ги морковите.
готвиме со маја
Фото: Промо

Трослоен колач без печење

1 СЛОЈ
1/2 несолен путер
1 чаша Винчини наполитанки
200 г несолени кикирики
2 СЛОЈ
1 кутија путер од кикирики
1 1/2 чаша мелени бисквити
3 СЛОЈ
1/2 чаша слатка павлака
2 Долчела чоколади за готвење

  • Во блендер сомелете ги бисквитите, кикириките и наполитанките.
  • Бисквитите измешајте ги со путерот од кикирики.
  • Кикириките и наполитанките измешајте ги посебно во друг сад и прелијте ги со путер.
  • Во тенџере загрејте ја слатката павлака и растопете го чоколадото.
  • Во калап обложен со хартија за печење прво ставете го тестото од бисквити и кикирики и убаво натапкајте го да добиете рамна и мазна подлога.
  • Потоа врз него додадете го тестото од кикирики и наполитанки и повторете ја постапката со измазнување.
  • На крај, прелијте со растопеното чоколадо и ставете го колачот во фрижидер да сегне.
  • Декорирајте по желба со овошје или друга декорација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот