ВИДЕО | Готвиме со Маја: Пилешки увијачи во сос од бадеми

готвиме со маја увијачи
Фото: Промо

Нашата позната готвачка Маја денес ни подготви одличен рецепт кој ја разигрува класичната форма на подготовка: пилешки увијачи во сос од бадеми, придружени со пржени крокети од ориз. Погледнете како Маја ги подготвува овие одлични рецепти.

Состојки

2 Перутнина Птуј пилешки стека

200 г мешан кашкавал

Перутнина Птуј пилешко филе

 

  1. Пилешките стекови исечете ги по целата должина за да добиете големо тенко парче.
  2. Месото убаво исчукајте го со кујнски чекан.
  3. Филувајте со мисиркино филе и со кашкавал и замотајте го во ролна. Доколку е потребно краевите затворете ги го чепкалки.
  4. Пржете ги во тава или на скара увијачите во загреано масло по 4 до 5 минути од двете страни.

 

Сос

2 лажици путер

500 г О’Плант млеко од  бадеми

70 г рендан пармезан

1 лажица брашно

50 г мелени бадеми

1 лажичка Вегета Маестро лук

Сол и бибер

 

  1. Во тава загрејте го путерот со малку масло и ставете брашно да се испржи.
  2. Постепено додавајте топло млеко од бадеми и цело време мешајте додека бешамелот не се згусне. По потреба додадете млеко.
  3. На крајот зачинете со лук, сол, бибер и мелени бадеми.
  4. Во готовиот сос ставете ги испржените увијачи и посипете со рендан пармезан.
  5. Оставете да се крчка на тивко уште 15 минути.
готвиме со маја увијачи
Фото: Промо

Пржени крокети од ориз

2 чаши сварен басмати ориз

1 лажичка сол

1/2 лажичка бибер

3 јајца

1/3 чаша рендан пармезан

2 лажици сув магдонос

1 чаша лебни трошки

2 лажици Фант од шунка и кашкавал

Фант од 4 вида сирење

Масло за пржење

 

  1. Сварете го оризот за да добиете количина од 2 чаши и префрлете го во сад.
  2. Во него додадете рендан пармезан, сув магдонос, Фант од шунка и кашкавал и Фант од 4 вида сирење, едно јајце и сол и бибер. Убаво измешајте ги состојките за да добиете компактна смеса.
  3. Со помош на две намастени лажици формирајте топчиња и поховајте ги во јајца па во посолени лебни трошки.
  4. Пржете ги кратко во силно загреано масло додека не добијат златна боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот