ВИДЕО | Готвиме со Маја: Нов твист на традиционална мусака

готвиме со маја
Фото: Промо

Нов твист на традиционална мусака

– 400 г Перутнина Птуј мелено мисиркино месо
– 200 г мелено говедско месо
– 1 кромид
– 3 лажици маслиново масло
– 2 лажички Вегета Маестро магдонос
– 1/4 китка свеж магдонос
– 1 лажичка Вегета Маестро рузмарин
– 1 лажичка Вегета Маестро мајчина душица
– 1/2 лажичка сол
– 1/2 лажичка Вегета Маестро црн пипер
– 2 лажици Ворчестер сос
– 2 чешниња лук
– Вегета Натур
– 1/2 лажичка Вегета Маестро лук
– 1 лажичка сув кромид
– 2 лажици брашно
– 2 лажици доматно пире
– 1 Подравка говедска коцка
– 1/2 чаша Подравка грашок
– 1 морков
– 1/2 чаша Подравка пченка

готвиме со маја
Фото: Промо

Фил од компири

– 5  компири
– 1/2 путер
– 3 лажици свинска маст
– 1/2 лажичка Вегета Маестро лук
– 1/2 лажичка сол
– 1/4 лажичка Вегета Маестро црн пипер
– 1 јајце
– 1 лажица крем сирење
– 80 г пармезан

 

1. Кромидот исечете го на коцки и пржете го на масло на тивко и динстајте додека не стане стаклест. Додадете го и лукот и посолете
2. Морковот исечете го на коцки и додадете го во кромидот и кратко пржете
3. Потоа додадете го јунешкото месо и пржете додека месото не побели
4. Потоа додадете го и мисиркиното месо и зачинете со Вегета
5. Пржете го месото и зачинете со сув кромид, сушен лук, црн бибер, сув магдонос, мајчина душица, ворчестер сос, сув рузмарин и доматно пире
6. Потоа додадете пченка и грашок и убаво измешајте за да се спојат вкусовите
7. Додадете ја коцката супа растворена во топла вода а потоа и брашното растворено во малку вода и оставете да се динста уште 15 минути на тивко
8. Во тава растопете свинска маст и додадете половина путер
9. Сварениот компир изгмечите го како пире и попарете го со загреаната маст и путер и убаво измешајте. Потоа додадете рендан пармезан
10. Зачинете со лук во прав, црн бибер и сол
11. Во сад разматете едно јајце и крем сирење и додадете го во пирето од компири
12. Огноотпорен сад каде што ќе ја редите мусаката премачкајте го со путер, потоа додадете од месото и притиснете во садот и ставете сецкан магдонос
13. Врз тоа ставете го пирето и убаво измазнете го да добиете рамна површина
14. Одозгора покријте со рендан пармезан и поклопете со капак
15. Доколку немате капак, ставете на дното на рерната хартија за печење бидејќи прска
16. Се пече во загреана рерна на 200 околу 40-60 минути

готвиме со маја
Фото: Промо

Фета салата со семки

– 20 шери домати
– 10 црни маслинки
– 1/2 китка свежо нане
– 1/2 калап фета
– Вегета Маестро оригано
– 1 лажица Натура сусам
– 1 лажица Натура ленено семе
– 1 младо кромитче
– 1 краставица
– 1/2 конзерва Подравка наут

готвиме со маја
Фото: Промо

Сос
– 1 јајце
– 50 г пармезан
– 1/2 лажичка Вегета Маестро лук
– 4 лажици маслиново масло
– Бибер и сол
– Сок од 1/2 лимон
– тортиљи

1. Направете пакетче од двослојна фолија, затворете го од три страни и попрскајте внатре маслиново масло
2. Ставете ги шери доматите, фета сирење и посолете
3. Затворете го пакетчето и ставете го во рерна 10 минути
4. Младото кромитче исечете го на тркалца а свежото нане исечете го ситно и префрлете го во здела
5. Потоа додадете наут, краставица исечена на полукругови и црни маслинки
6. За сосот ставете во блендер рендан пармезан, едно јајце кое сте го вареле само една минута, сок од лимон, маслиново масло, сол и бибер и убаво изблендирајте

готвиме со маја
Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот