„Готвиме со Фичо“ - Посни „бејглс“ лепчиња - Фото: Приватна архива

ВИДЕО | „Готвиме со Фичо“ и „Слободен печат“: Рецепт за посни „бејглс“ лепчиња

Бејглс се кружни лепчиња со карактеристична дупка во средината, кои потекнуваат од Источна Европа. Нивната специфичност е во начинот на подготовка: тестото најпрво кратко се вари во вода, а потоа се пече, што им дава крцкава кора и мека, густа внатрешност. Денес овие лепчиња се особено популарни во САД, каде најчесто се служат со крем сирење, лосос, путер или различни солени и слатки намази.

„Готвиме со Фичо“ – Посни „бејглс“ лепчиња – Фото: Приватна архива

Во ова видео ќе го дознаеш токму тоа: како дома да си направиш неодоливо вкусни посни „бејглс“ лепчиња – мирисот е познат, а текстурата скромна, речиси монашка.

Погледнете го видеото, а подолу се и мерките:

Рецепт:

500гр Брашно ТИП400
260мл млака вода
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
15гр сув квасец
2 лажици маслиново масло

За варење:

2л Вода
50гр Сода

За посип:

Сусам, ленено семе или црно семе или комбинација од трите (бидете креативни)

Со ова видео „Готвиме со Фичо“ започнува нова соработка со „Слободен печат“. Заедничката цел е да ви донесеме брзи, лесни и одлични рецепти и приказни за храната, есенцијални нешта кои го обликуваат нашето секојдневние.

А сега, кажи ни, со што ќе ги збогатиш твоите посни „бејглс“ лепчиња?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот