ВИДЕО | Гошевски: Блокчејн и криптовалутите се монетарен феномен – очекуван е стравот кај банките

Душко Гошевски/Фото: Слободен печат

-Блокчејн е монетарен феномен. Самата технологија блокчејн е многу интересна и многу напредна. Се работи за комплот кој во себе содржи економија, комјутерски науки, математика, пазарна психологија и т.н децентрализација, изјави за Утрински брифинг Душко Гошевски, адвокат и експерт за одредени аспекти на криптовалутите.

-Суштината на блокчејн технологијата е сите што се влезени во системот порамнуваат една трансакција, таа е јавна, иако се приватни трансакциите, јавна е се гледа и тоа всушност значи таа технологија, објаснува Гошевски.

Според него овој процес не може да се врати назад. Дигиталните технологии тоа го овозможуваат.

-Се појави биткоинот како криптовалута без вредност, без централна банка, но во моментов се развиваат криптовалути со вредност кои се нарекуваат стејблкоинс. Криптосветот пенетрира во конвенционалниот свет како што конвенционалниот свет преку своите механизми пенетрира во криптосветот и тоа е многу интересно да се следи. Кога навлегува криптосветот сака да покаже дека оваа технологија е неприкосновена. Навлегува во уметност, во образование, во здравство, во спорт. Криптосветот сака да докаже дека оваа технологија може секаде да се користи како напредна технологија и да го замени технолошкиот свет ваков каков што го знаеме, рече Гошевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот