ВИДЕО: Гори приватната резиденција на премиерот на Шри Ланка, демонстранти ја запалија

Демонстранти ја запалија резиденцијата на премиерот на Шри Ланка кој поднесе оставка/Фото: EPA-EFE/CHAMILA KARUNARATHNE

Приватната резиденција на премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинге денеска беше запалена од гневни демонстранти, поради продлабочување на кризата во островската држава. Пред само неколку часа, демонстрантите влегоа во домот на претседателот барајќи оставка на Готабаја Раџапакса.

Демонстрантите уништуваа возила на премиерот.

„Демонстрантите упаднаа во приватната резиденција на премиерот Ранил Викремесинге и ја запалија”, соопшти кабинетот на премиерот.

Премиерот Викремесинге најави дека ќе поднесе оставка од функцијата за да обезбеди продолжување на работата на владата и за безбедноста на сите граѓани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот