ВИДЕО: Додека демонстрантите се бањаа во базенот на претседателот на Шри Ланка, премиерот поднесе оставка

Демонстрантите влегоа во претседателската палата и се бањаа во базенот на претседателот на Шри Ланка/Фото: Скриншот

Премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинге е подготвен да поднесе оставка за да дозволи формирање на повеќепартиска влада, се вели во соопштението на неговиот кабинет откако илјадници демонстранти упаднаа во претседателската палата во Коломбо.

Претседателот на Шри Ланка Готабаја Рајапакса побегна од својата официјална резиденција непосредно пред демонстрантите, гневни од невидена економска криза, да упаднат и да го окупираа комплексот, при што пливаа во претседателскиот базен и објавија снимки на социјалните мрежи, јавуваат агенциите.

Демонстрантите ги пробија и тешките метални врати до Министерството за финансии и претседателските канцеларии на брегот.

Раџапакса ја напушти својата официјална резиденција во петокот како безбедносна мерка пред планираните демонстрации за викенд, изјавија два извори од Министерството за одбрана. Ројтерс не можеше веднаш да потврди каде се наоѓа претседателот.

За да одлучи какви чекори да преземе по немирите, Викремесинг разговараше со неколку водачи на политички партии.

„Викремесинге им кажа на партиските лидери дека е подготвен да поднесе оставка од функцијата премиер и да го олесни формирањето на целопартиска влада“, се вели во соопштението на неговиот кабинет.

Викремесинг е исто така преместен на безбедно место, изјави владин извор за Ројтерс.

Лидерите на неколку опозициски партии побараа оставка од државниот врв.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот