Горан Бреговиќ на белградскиот аеродром/Фото: Телеграф.рс

ВИДЕО | Горан Бреговиќ на 75 години изгледа фраерски и модерно: Музичарот „уловен“ на белградскиот аеродром

Горан Бреговиќ (75), еден од најпознатите музичари од регионот, во текот на викендот бил „уловен“ на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. 

Брега слетал на белградскиот аеродром во мошне модерно издание. Музичарот носел широки фармерки, кои во последно време стануваат сè попопуларни, но она што навистина привлекло внимание бил автомобилот во кој се качил.

Бреговиќ се враќал од уште еден успешен настап во странство. Иако изморен, бил расположен и ги поздравил присутните новинари пред да се качи во луксузниот џип што го чекал пред зградата.

Да потсетиме, Брега инвестирал во недвижност, кој според српските медиуми вреди околу 35 милиони евра. Бреговиќ има луксузна вила на Сењак, а дел од вилата ја издава под наем на компанија.

– Внатре во самата вила се наоѓа компанија на која ѝ го изнајми просторот. Меѓутоа, тоа е само еден дел од огромната вила што ја поседува. Другата половина решил да ја зачува за себе, бидејќи поради честото изнајмување вили и куќи за снимање разни видеа и реклами, сепак сака да има дел за себе за да може да се одмори – изјавил изворот за „Блиц“ и додал:

– Првенствено, тука требаше да има огромно музичко студио во кое тој ќе создава музика, но засега не се знае дали ќе дојде до таа реализација. Планот постои. Засега, тоа е само простор каде што понекогаш престојува, кога ја изнајмува куќата во која живее за да снима филм, серија или видео. На овој начин, заработува сигурни пари и е целосно безбеден, а ако во некој момент одлучи да ја напушти музиката, секогаш ќе може да живее од издавање – рекол изворот и истакнал дека еден ден за снимање, во зависност од просторот, чини помеѓу 2.000 и 3.000 евра.

На Бајага му пишувала љубовни песни, а на Бреговиќ ненајавена му влегла во станот со куфер – но еден маж е поголем од сите нејзини љубови

Таа беше најубавата манекенка во Југославија, a Горан Бреговиќ ѝ ја посвети песната „Битанга и принцеза“

Некогаш го возеше и Горан Бреговиќ, а сега колекционерите се луди по него – подготвени да платат и 10.000 евра!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот