ВИДЕО: Голема експлозија кај Бристол, има и жртви

Голема експлозија се случи во складиште во Ејвонмут, индустриска област во близина на Бристол, а противпожарната служба објави дека има жртви.

Еден од сведоците рече дека се слушнала „многу силна експлозија”, која ги потресла зградите, додека друг рече дека десетина амбуланти излегле на местото на настанот, пренесува Би Би Си.

Бристол Пост наведува дека противпожарната служба добила повик во 11.22 часот по локално време и потврдила дека има жртви, но бројот не е наведен.

Битански експрес наведува дека едно лице загинало, а две се водат како исчезнати по силната експлозија.

Засега е непознато што ја предизвикало експлозијата.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот