ВИДЕО | „Година што ми ја одбележа зборот благодарност“: Миа Костова со емотивна објава ја испраќа 2025 година
Инфлуенсерката и поранешна водителка Миа Костова одлучи со емотивна објава на социјалните мрежи да ја испрати 2025 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во видеото во кое Миа прикажува низа моменти од нејзиниот живот што ја одбележале изминатава година, таа им се заблагодари на своите најблиски, но и на сите следбеници на социјалните мрежи. Посебна благодарност им упати на најблиската пријателка Тијана Скулиќ и нејзиниот син Андрија.
– Годинава научив дека најважно е да немаш лекции од годината што изминала. Мојата беше таква, бескрајно сум му благодарна на Бога што ми ги чуваше сите, што ме чуваше мене и што уживав доверба кај сите соработници а уживав доверба и кај вас драги мои – вие сте причината што живеам живот полн благодарност и што го работам она што го сакам. Фала на моите, фала на малкуте другарки и многу пријатели… Фала Тиајана Скулиќ што ме држиш за рака по секоја патека и фала ти сине што си мотор на моето постоење. Година што ми ја одбележа зборот благодарност. Следната не треба да е моја, може да е само иста како оваа. 2025! Ти благодарам – напиша Миа покрај видеото.
View this post on Instagram
ФОТО+ВИДЕО | Миа Костова го прослави 41. роденден во интимна атмосфера со најблиските пријателки


