ВИДЕО | Го оживеа ликот на Шабан Шаулиќ: Уште една неверојатна трансформација на Стефан Суботиќ

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Стефан Суботиќ е познат мејк – ап артист од Србија, но и надвор од границите на неговата земја. Покрај тоа што Стефан ја истакнува природната убавина на секоја негова клиентка тој е познат и по неговите трансформации како драг – кралица експериментирајќи со најразлични комбинации на облека, високи потпетици, шминка и перики.

Суботиќ е волшебник за трансформации. Својот талент го открил пред повеќе од 10 години. Со години шминкал жени за свадби, девојки за матурски вечери и други свечени прилики, а понекогаш знае да се „среди“ и себеси.

По маестралните трансформации на Суботиќ во Јосипа ЛисацРушка ЈакиќСеверинаЈелена КарлеушаЕва РасАнџелина ЏолиЛепа БренаАца Лукас и многу други ѕвезди шминкерот неодамна не изненади со уште една неверојатна трансформација.

Овој пат Стефан се трансформираше во познатиот хрватски музичар Шабан Шаулиќ. Кралот на народната музика настрада во сообраќајна несреќа во Германија, а тагата за еден од најдобрите вокали на народната музика и „човек кој еднаш се раѓа“, остана засекогаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот