ВИДЕО: Ѓоковиќ за полуфинале на „Вимблдон“ против Синер

Новак Ѓоковиќ во осминафиналето беше подобар од Холанѓанецот Тим ван Ријтовен/Вимблдон, Британија/3 јули 2022/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Најдобриот српски тенисер го продолжи походот кон титулата на „Вимблдон“ и се пласираше во четвртфиналето со победата над Тим ван Ријтовен.

Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога против Холанѓанецот и триумфираше со резултат 3:1 во сетови 6:2, 4:6, 6:1 и 6:2.

Во борбата за пласман во полуфиналето, Ноле ќе игра против Јаник Синер. Италијанецот претходно беше подобар од Карлос Алкараз.

– Беше многу тешко. Никогаш не сум играл против Ван Рајтховен, а тој го доби својот прв АТП меч пред неколку недели, а потоа победи играчи од Топ 10, Топ 5, имаше серија триумфи на оваа подлога…А со таков сервис, со таков силен форхенд ми требаше време да се навикнам на неговата моќ, но и на играње со затворен покрив, бидејќи во овие услови сè на теренот е малку полизгаво – рече Ѓоковиќ.

Победникот од четвртфиналето меѓу Ѓоковиќ и Синер, во полуфиналето ќе игра против подобриот од мечот Давид Гофан – Камерон Нори.

Останатите четвртфинални дуели ќе се дознаат по одигрувањето на осминафиналните средби: Гарин – Де Минор, Накашима – Кирјос, Кублер – Фриц и Де Зандшулп – Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот