Алкараз елиминиран, Синер четвртфиналист на „Вимблдон“

Италијанскиот тенисер Јаник Синер/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Италијанецот Јаник Синер (20) се пласираше во четвртфиналето на „Вимблдон“ откако го совлада Карлос Алкараз од Шпанија во четири сета од мечот од четвртото коло со резултат 6:1, 6:4, 6:7 (8), 6:3 за нешто повеќе од три и пол часа игра.

Моментно 13 играч во светот, во борбата за пласман во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од мечот Новак Ѓоковиќ – Тим Ван Ријтховен.

До оваа година, Синер никогаш не напредуваше подалеку од првото коло на „Вимблдон“, а со пласманот во четвртфиналето го повтори најдобриот резултат од Грен слем натпреварувањето. Тој претходно беше меѓу најдобрите осум на „Ролан Гарос“ 2020 и „Австралија Опен“ 2022 година.

Во другите мечеви Белгиецот Давид Гофан со 3:2 го елиминираше Франсес Тијафо (САД). Гофан во четвртфиналето ќе игра против Британецот Камерон Нори кој со 3:0 го совлада Американецот Томи Пол.

Во женска конкуренција чешката тенисерка Марие Бузкова со 7:5 и 6:4 за еден и пол час игра триумфираше над Французинката Каролин Гарсија. За пласман во полуфиналето Бузкова ќе игра против Унс Жабир (Мароко) која со 2:0 беше подобра од Елиз Мертенс (Белгија).

Татјана Марија со 2:1 ја совлада Јелена Остапенко од Летонија. Во четвртфиналето ќе имаме германски дуел, Марија ќе се соочи против Јуле Нимејер која со 6:2 и 6:4 ја совлада Британката Хедер Вотсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот