Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

ВИДЕО | Гилџес-Александер испиша историја, Оклахома подобра од Индијана

Репрезентативецот на Канада, Шеј-Гилџес-Александер го израмни рекордот на кариерата и постигна 45 поени во победата на Оклахома против Индијана од 120:114.

За лидерот во Западната конференција тоа беше деветти триумф во низа, а Гилџес-Александер вторпат успеа да ја мине границата од 40 поени, претходно против Вашингтон во понеделеникот дојде до 41.

Така тој стана првиот кошаркар на Оклахома кој на два натпревари во низа постигна 40 или повеќе поени по Вестбрук во 2019 година. Во историјата на франшизата тоа им успеало само уште на Пол Џорџ, Кевин Дурант и Дејл Елис.

Вкупно овој триумф за Оклахома беше 24. на 29 натпреварi оваа сезона со што e пред Хјустон од кој има и натпревар повеќе.

НБА РЕЗУЛТАТИ:
Индијана – Оклахома 114-120
Орландо – Мајами 88-89
Вашингтон – Шарлот 113-110
Атланта – Чикаго 141-133
Мемфис – Торонто 155-126
Милвоки – Бруклин 105-111
Њу Орлеанс – Хјустон 111-128
Портланд – Јута 122-120
Сакраменто – Детроит 113-114

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот