ВИДЕО | Гелевски: Книжевните конкурси внесуваат нова енергија и го одржуваат креативното здравје

Издавачката куќа „Темплум“ по петнаесетти пат го распиша конкурсот „Новите!“, за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик и по трет пат го распишува конкурсот за наградата „Лифт“, за македонски стрип. „Сакаме да ги охрабриме да експериментираат особено младите луѓе, иако имавме и повозрасни што конкурираа, пред неколку години наградата Ѕвездан Георгиевски, на пример, затоа што немаме ограничување на возраста. Конкурсот е хетероген, плурален и честопати такви се и ракописите. Што се однесува до наградата „Лифт“ за стрип, тој е отворен за сите жанрови, имаме ограничување само дека треба да биде до 16 странци. Најдобрите што ќе пристигнат на конкурсот ќе ги објавиме во книга и се надевам дека во иднина ќе расте и квалитетот на стриповите што конкурираат и со тоа ќе го подигнеме нивото на сцената. Многу ни е важно да ги одржуваме овие конкурси баш и во таа социјална и општествена смисла.
Со годините нам ни е тоа сè поголема обврска, но многу ми е важно да го одржуваме, поттикнуваме, да го негуваме тој општествен пламен, тоа што ужасно ни недостига, особено во пандемијава, но и претходно. Ова се мали островца, жарчиња коишто емитуваат барем минимална енергија за некој што сака да се занимава со нешто квалитетно и здраво и тоа е важно за одржување на психичкото, менталното и креативното здравје. Тоа е причината што опстојуваме, истата заради која и правиме книги во средина во која речиси никој не чита“, вели за Утрински брифинг, Никола Гелевски, главен уредник на издавачката куќа „Темплум“.
Тој најави и формирање на ново здружение на издавачи кое има цел да влијае во процесите на креирање на политиките во издаваштвото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот