Фото: Screenshot

ВИДЕО: Фудбалери на Тотенхем ќе се степаа со навивачите по поразот со голот во 95. минута

Ситуацијата во Тотенхем станува сè потензинчина по новите разочарувачки резултати во Премиер лигата. Поразот од Борнмут со 3-2, решен со голот на Антоан Семењо во 95. минута, дополнително ја влоши и онака тешката атмосфера во клубот. „Петлите“ сега имаат само една победа на последните шест првенствени натпревари, а незадоволството кај навивачите е сè поизразено.

По последниот свиреж на „Виталити“, дојде до вербален инцидент меѓу неколку фудбалери на Тотенхем и гостинските навивачи. Снимките кои брзо се проширија на социјалните мрежи покажуваат како Мики ван де Вен, еден од лидерите во тимот, се приближува до трибината и влегува во жестока расправија со еден навивач.

Клупскиот персонал се обиде да ја смири ситуацијата, но набрзо се вклучи и Педро Поро, кој, според пишувањето на медиумите, бил видно бесен и морал да биде задржан од обезбедувањето. Улогата на смирувач се обиде да ја преземе Жоао Палиња кој постигна и еден гол во натпреваарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот