ВИДЕО+ФОТО | Парис Џексон: На четиринаесет години се обидела да се самоубие поради сајбербулинг

Instagram
Instagram

Единствената ќерка на поп-иконата Мајкл Џексон во разговор со Вилоу Смит, за емисијата „Разговори на црвената маса“, зборуваше за тоа како било да се расте покрај Мајкл, за загубата на татко ѝ, средбата со мајка ѝ и за трауматичните искуства што ја довеле до депресија и желба да си го одземе животот.

Парис Џексон и Вилоу Смит ги поврзува повеќе од пријателство. Освен што се деца на познати родители, поради што од најрана возраст живеат опкружени со многу внимание од јавноста, нив ги поврзуваат љубовта кон музиката и фотомоделството, како и живот како единствени девојчиња во своите семејства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)


Но, како што признаа во емисијата „Разговори на црвената маса“ и двете од рана возраст се бореле и со проблеми како прифаќање на телесната слика за себе, менталното здравје и сексуалноста.

Живот под строги правила

Парис и Вилоу се запознале пред 10 години на снимањето за серијата „Хоторн“ во која главната улога ја играше Џејда Пинкет Смит. Во тој период Парис и нејзините браќа Принц и Бланкет биле под старателство на Кетрин Џексон, мајката на Мајкл Џексон, по неговата смрт две години претходно. Таа како голем верник во религијата Јеховини сведоци, ги одгледувала децата под строги правила. Па од деца кои патувале низ светот и дома се школувале, одеднаш се нашле во јавни школи и под будното око на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)


Социјалната дистанца во период на пандемија ми ја влоши анксиозноста и постојано имав аудитивни халуцинации, како да слушам кликања од фотоапарати, па се случуваше да скокнам исплашено пред да сфатам дека само ми се причинува, откри Парис на почетокот од разговорот и додаде дека поради тоа одела на посебна терапија.

Причината за ваквите халуцинации било постојаното прогонување од папараците и кликовите од нивните фотоапарати, кое трае од нејзиното раѓање до денес. Во еден миг Парис се потсети на немилиот настан на аеродром кога по смртта на Мајкл одвај им избегала на папараците плачејќи и молејќи ги да престанат да ја фотографираат и да ја следат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ∴ WILLOW ∴ (@willowsmith)


– Тоа едноставно беше насилство врз мене. Не сфаќаа дека ми треба мир и дека не сакам да ме следат на секој чекор – изјави таа и додаде дека почнала со посебен вид психотерапија што ги третира трауматичните спомени.

 Обновено пријателство со мајка ѝ

Ваквиот живот ѝ создал големи проблеми и со приватното зближување со луѓе, од страв дека ќе ја искористат за да откријат нешто за нејзината приватност. Воедно тоа ја довело до панични напади кога ѝ се случувало телото да ѝ се замрзне и да колабира, а потоа и ја втурнало во депресија.

Најтешко ми беше кога имав 14 години и кога минував низ големо внимание од јавноста од една страна, а од друга страна бев жртва на сајбербулинг. Тогаш јавно признав дека сум бисексуалка, а тоа како да ги влоши работите и постојано добивав злобни пораки и коментари на моите профили на социјалните мрежи. Почнав да ги блокирам, се трудев да не ги читам, но безуспешно – изјави таа и додаде дека сето тоа било причина да си посегне по својот живот, поради што била хоспитализирана, истакнала Парис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ∴ WILLOW ∴ (@willowsmith)


Во миговите додека се лекувала, сфатила колкава грешка направила и дека има светли точки во животот на кои треба да се посвети за да ги смени нештата на подобро. Воедно почнала да си посветува повеќе внимание и да се сака себеси, што ѝ ја кренало самодовербата и ѝ помогнало да се избори со сите претходни лоши искуства.

Денес Парис освен што е блиска со сите членови на семејството Џексон, блиска е и со мајка ѝ Деби Роу, која по разводот со Мајкл му даде целосно старателство над двете деца, Парис и Принц.

Се запознавме кога имав 15 години и неверојатно е колку сме слични. Сакаме иста музика, имаме исти интереси, а најважно, неверојатно си личиме, изјави Парис, која се присети и на животот покрај музичката икона Мајкл Џексон, чија миленичка била како единствена ќерка.

За него таа рече дека бил неверојатно нежен татко, кој ги воспитувал децата секогаш да бидат културни, благодарни, никому да не прават лошо и да помогнат секогаш кога можат.

Денес Парис е посветена на музиката, а минатата година го издаде својот деби – албум, за кој вели дека ако бил жив Мајкл, сигурно би бил горд на нејзиниот труд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот