ВИДЕО+ФОТО | Македонските Џеј Ло и Малума: Лила и Филип Пешевски „лудо вљубени“ во новиот спот „Тешко мене со тебе“
Нашата позната водителка и инфлуенсерка Лила Стојановска ги забавува гледачите пред малите екрани повеќе од дваесет години, па слободно можеме да кажеме дека веќе е една од најпознатите телевизиски лица во нашата држава.
Лила повеќе од десет сезони е водителка на квизот „Сè или нешто“, а нејзините бројни обожаватели покрај тоа што ја гледаат на малите екрани, уживаат и во нејзините чести објави на социјалните мрежи обидувајќи се барем малку да насетат нешто за нејзиниот приватен живот.
View this post on Instagram
Можеби некои од вас ќе се присетат, а некои и заборавиле дека нашата позната водителка пред повеќе од петнаесет години заплива и во музичките води, а сега по долга пауза повторно ја изненади јавноста со нова песна и спот.
Во дует со младиот пејач Филип Пешевски вчеравечер беше промовирана песната и спотот во еден елитен скопски локал.
View this post on Instagram
На промоцијата присуствува бројни јавни личности како и пријатели на музичкиот пар.
View this post on Instagram
Новата песна го носи насловот „Тешко мене со тебе“, а Пешевски се јавува и како автор на музиката и текстот. Аранжманот е на Роберт Билбилов, а видео спотот е во режија на „Томато продукција“. Во улога на продуцент, за првпат се јавува Зоран Василевски – Зоки Фаци кој долго ја најавуваше оваа промоција.