Фото: EPA/NOUSHAD THEKKAYIL

ВИДЕО | Фламенго против ПСЖ во финалето на Интерконтиненталниот куп

Фудбалерите на Фламенго од Бразил се пласираа во финалето на Интерконтиненталниот куп, откако синоќа во Ал Рајан го победија египетскиот тим Пирамидс со 2:0 во полуфиналето.

Јужноамериканскиот и бразилскиот шампион ќе играат за трофејот против европскиот шампион Пари Сен Жермен на 17 декември.

Францускиот тим директно се квалификуваше за финалето на ова натпреварување.

Головите за Фламенго во победата ги постигнаа Лео Переира во 24, и Данило во 62 минута. Видео записот со најинтересните моменти од натпреварот можете да ги погледнете ТУКА

Фламенго во среда ќе има шанса да го освои и својот трет голем трофеј за помалку од еден месец, но ќе мора да го победи својот најтежок можен ривал за да го стори тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот