ВИДЕО: Фиорентина е вториот финалист во Купот на Италија

фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Екипата на Фиорентина на 24 мај ќе игра против Интер за трофејот во Купот на Италија.

„Виолетовите“ ја одбранија предноста од првиот меч против Кремонезе (2:0), откако на реваншот на својот „Артемио Франко“ одиграа нерешено (0:0).

Потсетување дека миланските „нераѕури“ со вкупен резултат 2:1 го елиминираа Јувентус.

Интер кој го брани пехарот во ова натпреварување веќе три години по ред, ќе ја брка 15 титула на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Од друга страна, Фиорентина ќе атакува на 11 куп трофеј, последен пат беше победник во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот