ВИДЕО: Филмот „Годзила против Кинг Конг“ ги руши рекордите на гледаност и покрај пандемијата

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Авантурата „Godzilla vs. Kong“ постави рекорд во кино заработките при услови на пандемијата, откако викендов „Warner Bros“ и „Entertainment“ заработија 32 милиона долари, а 48,5 милиони долари за време на првите пет дена прикажување во киносалите во САД.

Се чини, филмов покажа дека луѓето се подготвени да се вратат во кината, се дел од бројните коментари на филмските работници. Достапен им е и на претплатниците на „HBO“, без дополнителна наплата. Не е познато колку луѓе го гледале филмот од дома.

Иако ова е само половина од она што би било во нормални околности, викендот е јасен и позитивен показател дека одењето в кино има свои силни страни коишто не исчезнуваат, изјавил Дејвид А. Грос, раководител на филмската консултантска фирма „Franchise Entertainment Research“.

Тој ја опишал продажбата на билетите за викендот како „моќна“, со оглед на сѐ уште тешките услови. Повеќе од 50 отсто од кината во САД се отворени, но многумина, вклучително и оние во Њујорк и Лос Анџелес, работат со намален капацитет поради безбедносните протоколи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот