ВИДЕО: Филаделфија на чекор од втората рунда, победи за Голден стејт и Феникс во НБА плеј-офот

фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Сиксерси стигнаа и до трета победа (3:0) во НБА плеј-оф серијата против Бруклин и се на чекор од пласман во следната рунда.

Филаделфија која триумфираше со 102:97 беше предводена од Мекси кој реализираше 25 поени, четири помалку запиша Харден. На спротивната страна за Нетси доминираше Бриџес со 26 поени.

Феникс намали на 2:1 против Клиперси откако славеше со 124:129 во Лос Анџелес. Прв стрелец за Санси беше Букер со 45 поени, а кај поразените доминираше Пауел со 42.

Голден стејт дојде до првиот триумф во серијата против Сакраменто (114:97). Кари ги водеше Вориорси забележувајќи 36 поени, а Кингси Фокс имаше најдобра партија од 26 поени, и по девет скокови и асистенции.

НБА плеј-оф, резултати

Бруклин – Филаделфија 97:102 (0:3)
Голден стејт – Сакраменто 114:97 (2:1)
ЛА Клиперс – Феникс 124:129 (2:1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот