ВИДЕО | Евтимова: Фуснота.мк е платформа за поголема читаност на македонската поезија

Фуснота.мк е платформа за поезија и книжевност создадена како резултат на соработката помеѓу поетите и уметници Драгана Евтимова и Владимир Лукаш. „Поезијата честопати се смета за „маргинална“ уметност, поетските книги се печатат во помал тираж отколку прозните дела. Токму затоа здружението Фуснота одлучи заедно со еден малтешки поет Антоан Касар,  да направи проект кој беше насловен „Шири поезија, а не страв“.

Со платформата сакавме да ја направиме подостапна поезијата, односно повеќе да ги инволвираме помладите читатели, бидејќи особено во време на пандемијата, постојано сме на интернет, постојано сме во грч, повеќето луѓе работат од дома, учениците ја следат наставата онлајн и токму заради сето ова решивме сега да ја покренеме ова анова платформа за поголема видливост на поезијата. Една од главните цели е едукацијата на помладите луѓе за културата. Да го развиеме чувството за важноста на културата и уметноста и со тоа да се подобрат состојбите и да се создадат услови за поквалитетен културен живот.

Главни активности на Фуснота се дефинирање на културните дејности, соработка со други исти или слични здруженија од земјата и странство. Истовремено, македонската поетска платформа ќе работи и на полето за културна размена, иновативна организираност и перспективност, поттикнување на развојот на соработката меѓу градовите, зајакнување на меѓународната конкурентност и културен активизам“, вели Драгана Евтимова, писателка и една од основачите на платформата Фуснота.

Таа додава дека во македонската книжевност една цела генерација поети и писатели се прилично активни, но слаба страна на македонската книжевната сцена е критиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот