Ердоган и папата Лав XIV/ Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ВИДЕО | Ердоган го пречека папата Лав со сите почести, топовски плотун ечеше во Анкара

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Претседателскиот комплекс во Анкара го пречека папата Лав XIV, на официјална церемонија одржана со воени почести, во присуство на високи турски владини претставници.

Ердоган и Папата се упатија кон специјално дизајнираната церемонијална зона, каде што беа интонирани националните химни на двете држави, придружени со 21 топовски истрел. Папата ја поздрави почесната гарда, велејќи „добра вечер војници“ , а на церемонијата присуствуваа и знаменосци кои ги претставуваа 16-те турски држави кои историски се основани.

Следеше презентација на делегациите, при што Ердоган и папата Лав XIV ги претставија членовите на своите тимови, додека двете делегации потоа се повлекоа на приватни разговори во рамките на официјалната посета.

На церемонијата присуствуваа турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, генералниот секретар на Претседателството Хаки Шусмаз, директорот на претседателските комуникации Буранетин Дуран , директорот на претседателската приватна канцеларија Хасан Доган, вишиот советник за надворешна политика и безбедност Акиф Чагичај и Гувернерот на Анкара Васип Шахин.

Папата Лав XIV беше пречекан претходно со официјална церемонија во Бестепе.

Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот