Елена Велевска / Фото: Инстаграм/Елена Велевска

ВИДЕО | Елена Велевска се врати во Охрид, каде што живееше пред да се разведе

Елена Велевска се врати во Охрид каде што живееше со поранешниот сопруг Марјан и трите деца пред разводот. Фолк-пејачката која е инаку од Прилеп, објави убави слики и видео од Охрид.

Причината е нејзиниот настап за празникот Водици во најшиот најпознат туристички центар. Велевска била шик облечена на овој настап, во бел капут, црн шешир и штикли со тигрест мотив.

„Благодарам Охрид“, напиша атрактивната фолк-пејачка до видеото кое го објави.

Во 2021 година, откако се разведе од сопругот Марјан Мирчески, познатата фолкерка рече дека не живее со своите три деца Софија, Калија и Марко.

Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа откри дека потешко оди гледањето со децата, бидејќи тие се во Охрид, а таа е во родниот Прилеп.

„За да не се прават стресови за децата, бидејќи се израснати во Охрид, секогаш ја гледаме најдобрата страна за нив, бидејќи јас и сопругот повеќе не сме во прашање и функционираме подобро разведени, отколку во брак“, рече Велевска во 2021.

„Секогаш ќе гледаме за нивно добро, бидејќи имаме три деца и многу е поубаво да останеме во добри односи“, додаде пејачката тогаш.

„Сама на себе си станав досадна кога е таа тема во прашање и си ветив дека за прашањата поврзани со она кое што се случи изминатиот период, ќе молчам“, изјави пејачката во интервју за „Слободен печат“.

ВИДЕО | Елена Велевска скршена и низ солзи: Останав борец и покрај сите порази

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот