ВИДЕО | Експлозија во станбена област во Кина, најмалку 17 повредени
Најмалку 17 лица се повредени во експлозија што потресе станбена област во северната кинеска провинција Шанкси.
Препорачано
Експлозијата создала облаци од чад и искршила прозорци во соседните згради, објавија денес државните медиуми.
Експлозијата се случила околу 13:17 часот. Во градот Таијуан во покраината Шанкси, објави државната телевизија CCTV, без да ја наведе причината за инцидентот.
Снимките објавени на платформата на социјалните медиуми „Веибо“, чија автентичност не е потврдена од „Ројтерс“, покажуваат неколку возила зафатени од пламен пред зграда и густ чад што се издига од автомобилите и прозорците на некои домови.
MAJOR EXPLOSION IN TAIYUAN, CHINA: An explosion has occurred in a residential neighborhood in the Xiaodian District of Taiyuan, Shanxi Province. The explosion produced significant smoke and shattered windows in surrounding buildings, while video shows at least one man seriously… pic.twitter.com/B2AbQI6Nqa
— Crown Intelligence Group (@crownintelgroup) April 30, 2025
Вкупно 210 пожарникари беа распоредени на местото на експлозијата, објави CCTV.
Кинеското Министерство за управување со вонредни состојби испрати тим за координирање на спасувачките операции и нареди пребарување од кат до кат за да се утврди бројот на луѓе заробени во зградата.
Експлозијата се случи само еден ден откако избувна пожар во ресторан во покраината Лиаонинг во североисточна Кина, во кој загинаа 22 лица.
Претседателот Си Џинпинг го нарече инцидентот „длабоко разочарувачка лекција“ и ги повика локалните власти да сторат сè што можат за да спречат слични сериозни несреќи.
Властите во Лиаонинг денес објавија дека точните причини за пожарот сè уште се истражуваат, но ја исклучија можноста за подметнат пожар или експлозија на природен гас, објави CCTV.
Првичните извештаи покажуваат дека жртвите заробени во ресторанот најверојатно починале од задушување откако вдишале голема количина токсичен гас, бидејќи огнот брзо се проширил на запаливите материјали од декорацијата, според видео надзорот.
Најновите инциденти следат по серија слични несреќи низ Кина во последниве години. Претходно во април, 20 лица загинаа во пожар што избувна во дом за стари лица во северната кинеска провинција Хебеј.
ВИДЕО | Во пожар во ресторан во Кина загинаа најмалку 22 лица, тројца се повредени


