Фото: Clash Report / „Икс“ / Принтскрин

ВИДЕО | Експлозија разнесе кинески ресторан за нудли во Авганистан, загинаа седуммина

Видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат урнатини расфрлани по улицата пред ресторанот и чад што излегува од голема дупка направена на предниот дел од ресторан.

Експлозија денеска разнесе кинески ресторан во Авганистан, сместен во хотел во строго обезбеден дел од главниот град Кабул, при што загинаа еден кинески државјанин и шест Авганистанци, а повредени се повеќемина, меѓу кои и едно дете, објави „Ал Џазира“.

Ресторанот, погоден од експлозијата во понеделникот, се наоѓа во комерцијалната населба Шахр-е-Нав во Кабул, каде има деловни објекти, трговски центри и амбасади, изјави портпаролот на полицијата Калид Задран. Овој дел од градот важи за еден од најбезбедните во Кабул.

– Кинескиот ресторан за нудли бил заеднички управуван од кинески муслиман по име Абдул Маџид, неговата сопруга и авганистанскиот партнер Абдул Џабар Махмуд, а бил наменет за кинеската муслиманска заедница – додаде Задран.

ВИДЕО | Во судир на два воза во Шпанија, 39 загинати, стотина повредени

Видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат урнатини расфрлани по улицата пред ресторанот и чад што излегува од голема дупка направена на предниот дел од објектот.

Засега ниедна група не ја презела одговорноста за нападот, а причината за експлозијата сè уште не е позната.

Надлежните соопштија дека спроведуваат истрага.

Италијанската невладина организација „Имерџенси“ соопшти дека медицинската установа со која управува во Кабул примила 20 луѓе поврзани со експлозијата, од кои седуммина биле донесени без знаци на живот. Организацијата нагласи дека бројките за жртвите се „сè уште привремени“.

Експлозиите во Кабул и низ Авганистан се поретки откако Талибанците повторно дојдоа на власт по повлекувањето на САД во 2021 година, но ограноците на Исламска држава (ИСИС) и понатаму се активни во земјата и повремено извршуваат напади.

ВИДЕО | Голем пожар однесе 6 животи во Карачи, уништи трговски центар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот