ВИДЕО: Експлозија на бомба до Амбасадата на Израел во Њу Делхи

Индиската полиција потврди дека експлозивна направа со „многу слаб интензитет” била активирана денеска во близина на израелската амбасада во Њу Делхи, но никој не е повреден и е причинета мала материјална штета.

Според американски медиуми, полицијата во Њу Делхи објавила дека е предизвикана само штета на прозорците на три автомобили што биле паркирани во близина.

Во полициското соопштение исто така се вели дека прелиминарната истрага укажува дека станува збор за обид да се создаде сензација, како и дека во тек е понатамошна истрага.

Експлозија на бомба под автомобилот на израелската амбасада во Њу Делхи во 2012 година повреди четири лица, вклучувајќи ја и сопругата на еден дипломат.

Полицијата тогаш соопшти дека двајца мажи кои возеле мотор поставиле експлозивна направа под автомобилот кога застанал на семафор, и кој експлодирал кратко потоа, а Израел го обвини Иран за вмешаност во тој терористички акт. Израелски медиуми јавија дека тамошните власти го оквалификувале денешниот инцидент во Њу Делхи како „терористички напад”.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот