ВИДЕО | Еден од највисоките кинески облакодери почна да се ниша – никој не знае зошто

Кина им даде рок од 10 дена на своите интернет ѕвезди да ги платат даноците/ Фото: МИА

Високиот облакодер СЕГ Плаза висок скоро триста метри необјасниво започна да се ниша околу 13 часот по локално време, додека минувачите на околните улици гледаа воодушевено.

Еден од највисоките кинески облакодери вчера беше евакуиран откако почна да се ниша, а луѓето во паника избегаа на сигурно во јужниот град Шенжен. Високиот облакодер СЕГ Плаза висок скоро триста метри необјасниво започна да се ниша околу 13 часот по локално време, додека минувачите на околните улици гледаа воодушевено. Зградата е затворена во 14.40 часот, објавија локалните медиуми.

Објектот е изграден во 2000 година, во срцето на еден од најбрзо растечките градови во Кина. Кулата е дом на еден од најголемите пазари на електроника. Агенцијата за управување со вонредни состојби истражува што го предизвикало нишањето на облакодерите во округот Футиана во Шенжен.

„По проверка и анализа на податоците на различните станици за набудување на земјотресот низ градот, беше заклучено дека вчера немало земјотреси во Шенжен“, се вели во соопштението.

Засега е непознато што ќе стори владата во случај на опасна зграда од оваа големина, лоцирана во центарот на градот со 12 милиони жители.

Кулата е именувана според производителот на полупроводници и електроника Шенжен електроникс груп, чии канцеларии се наоѓаат во таа зграда.

Според Советот за високи згради, таа највисока кула во Шенжен.

Кинеските власти минатата година забранија изградба на облакодери повисоки од 500 метри.

Уривањето на зградите не е невообичаено во Кина каде градежните стандарди се слаби, а изградбата на згради се одвива забрзано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот