ВИДЕО | Џошуа го нокаутираше Пол, а судијата им порача: Навивачите не платија за да гледаат вакво ср*ње
Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, излезе како победник во дуелот со Џејк Пол, откако го нокаутираше во шестата рунда, иако почетокот на мечот воопшто не ветуваше вистинска боксерска пресметка.
Препорачано
Пред самиот почеток, двата табора се согласија борбата да се одвива во поголем ринг од стандардниот, па наместо вообичаените 4,9 метри, се движеа на простор од дури 7,3 метри. Токму тоа му одеше во прилог на Пол, кој во првите четири рунди главно се фокусираше на движење и избегнување на директен контакт со Џошуа.
Таквиот пристап не наиде на одобрување кај судијата Кристофер Јонг, кој пред крајот на четвртата рунда јавно ги опомена двајцата боксери со остри зборови, потенцирајќи дека публиката очекува вистинска борба, а не трчање низ рингот.
„Слушајте, навивачите не платија за да гледаат вакво „ср*ње“. Ако сте дојдени да се борите, борете се“, им порача судијата Кристофер Јонг.
Очигледно, таа опомена имаше клучно влијание врз понатамошниот тек на мечот. Веќе во петтата рунда Џошуа ја презеде целосната контрола и двапати го прати Пол во нокдаун, за доминацијата да ја круниса во шестата рунда со чист нокаут и убедлива победа.
“THE FANS DIDN’T PAY TO SEE THIS CRAP.”
THE REF TO JAKE PAUL AND ANTHONY JOSHUA 😨
LIVE NOW ONLY ON NETFLIX! #JakeJoshua pic.twitter.com/T56lwxTuEh
— Netflix Sports (@netflixsports) December 20, 2025
Anthony Joshua knocks out Jake Paul in the 6th #JakeJoshua pic.twitter.com/RZPGtBh38w
— MVP – Most Valuable Promotions (@MostVpromotions) December 20, 2025
Преземено од: Спорт.ком.мк


