ВИДЕО | Џонатан Бејли е најсекси маж во светот за 2025 година, според магазинот „Пипл“
„Пипл“ го избра британскиот актер Џонатан Бејли (37) за најсекси маж на светот за 2025 година.
Препорачано
Веста беше објавена синоќа во „The Tonight Show“ на Џими Фалон.
Бејли стекна светска слава благодарение на улогата на Лорд Ентони Бриџертон во успешната драма на Нетфликс „Бриџертон“, која ја освои публиката ширум светот. После тоа, актерот се префрли во холивудските води и постигна значајни улоги во големи филмски проекти како што се „Светот Јура: Преродба“ (Jurassic World: Rebirth) , „Злобни“ (Wicked) и претстојното продолжение „Злобни: Засекогаш“ (Wicked: For Good).
Бејли го наследи Џон Красински, кој ја имаше оваа титула минатата година.
Кога го прашале како се чувствува откако дознал дека е избран за „Најсекси маж на светот“, Бејли за „Пипл“ изјавил: „Ова е огромна чест. Искрено, многу сум поласкан и малку ми е апсурдно.“
Тој додал дека со нетрпение ги очекува реакциите на неговите пријатели и семејство кога ќе дознаат за оваа вест.
View this post on Instagram
Бејли потекнува од Оксфордшир, Англија, а својата актерска кариера ја започнал како дете. Подоцна станал познат театарски актер, појавувајќи се во продукции на Кралската „Шекспирова компанија“ (Royal Shakespeare Company) и во лондонскиот „Вест Енд“.
View this post on Instagram
Неговиот телевизиски пробив се случи во серијата „Бродчерч“ (Broadchurch), популарна британска криминалистичка драма, по што доби една од главните улоги во серијата на Нетфликс „Бриџертон“, продуцирана од Шонда Рајмс.
Титулата „Најсекси маж на светот“ од списанието „Пипл“ ја носеле бројни познати актери и музичари пред него, вклучувајќи ги Крис Еванс, Џон Леџенд, Мајкл Б. Џордан, Пол Рад, Рајан Рејнолдс, Крис Хемсворт, Бредли Купер, Двејн Џонсон, Идрис Елба, Адам Левин, Ричард Гир, Ченинг Тејтум и Дејвид Бекам.
View this post on Instagram
View this post on Instagram


