ВИДЕО | Џенифер Лоренс призна:„Водам таен живот, имам лажен профил и се расправам на социјалните мрежи“
Холивудската ѕвезда, актерката Џенифер Лоренс, изјави дека има „таен живот“ откривајќи дека на социјалната мрежа ТикТок има таен профил од кој коментира и влегува во расправии со други корисници на таа мрежа.
Препорачано
„Имам таен ТикТок. Влегувам во коментарите, се расправам. Тоа ми стана навика“, рече Лоренс во интервју за „Фанданго“.
Како што објасни, сè започнало безопасно, со расправии за реалити програми и ѕвезди како „Вистинските домаќинки“ или „Кардашијан“.
„Се карам во коментарите. Една девојка ми напиша: ’Колку години имаш? Имај си свој живот“, раскажа холивудската ѕвезда низ смеа.
Како што додаде, ситуацијата се вжештила кога почнала да коментира за британското кралско семејство, наведувајќи дека кралицата Елизабета втора и нејзиниот сопруг, принцот Филип, биле роднини.
„Многу луѓе едноставно не знаеја дека кралицата Елизабета втора била мажена за својот братучед од прво колено. Едноставно е така. Тоа е факт. Тие се роднини“, изјави Лоренс.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


